Мислевте дека кај нас е студено? Замислете да живеете на место каде температурите се спуштаат и до минус 50 степени под целзиусот. Ви ги претставуваме петте места каде луѓето живеат на минусни температури скоро целата година.
1 .Verkhoyansk, Sibir
Ова мало гратче се наоѓа во Русија, поточно во Сибир. Просечната температура тука паѓа и до -50Ц. Интересено е да се спомене дека во 1892 година тука биле измерени и до -68
Ц. Бррр
2. International Falls, Minnesota
Најстудената област во Америка е токму ова место. Се наоѓа на границата со Канада и брои околу 5.000 жители. Температурата овде паѓа и до -30`Ц.
3. Hell, Norway
Место каде што туристите специјално доаѓаат да се фотографираат поради интересното име. Температурите овде се минусни во текот на целата година.
4. Frasier, Colorado
Ова мало село е лоцирано само на неколку километри од познатото скијалиште. Температурите и овде се под нулата во текот на целата година.
5. Yakutsk, Russia
Се враќаме повторно во Русија. Ова гратче брои околу 200 илјади жители кои живеат на -40`Ц во текот на зимскиот период. Во него има бројни клизалишта на кои овие жители се забавуваат во текот на годината.