Кој коктел е идеален за секој хороскопски знак? Еве што велат ѕвездите.
ОВЕН- Dark and Stormy
Рум, лимета и пиво со ѓумбир- одличен избор за жешките Овни!
БИК – Сангриа
Едноставен, директен и опуштен, баш како припадниците на овој знак.
БЛИЗНАЦИ – Мохито
Со мохито во рака забавата може да започне! Енергијата што ја дава овој коктел е идентична со онаа на Близнакот.
РАК – Шампањ
Класичен и елегантен пијалок кој комплетно одговара на карактеристиките на Раковите.
ЛАВ – Watermelon Margarita
Пијалок кој е многу вкусен и светски популарен е идеален за харизматичниот Лав.
ДЕВИЦА – Менхетн
Девиците сакаат прецизност и квалитет, па класичниот Менхетн е вистинскиот избор за нив.
ВАГА – Aviation
Грациозен и неодолив. Комбинацијата од џин, лимон и нежниот creme de violette (направен од темјанушка) е балансот кој секогаш ви е потребен.
ШКОРПИЈА – Jack Rose
Црвен коктел кој си поигрува со страста на огнените шкорпии. Полн погодок, зар не?
СТРЕЛЕЦ – Boulevardier
Стрелците по природа сакаат забава и авантури, па овој интересен коктел кој има виски во него целосно одговара на нивната личност.
ЈАРЕЦ – Мартини
Џин и лимон – едноставно, без непотребни додатоци, а сепак толку неодоливо и уникатно. Се препознавате, Јарци?
ВОДОЛИЈА – Rum Old Fashioned
Водолиите се антиконформисти. Иновативни се и модерни, но без премногу авантури. Токму таков е легендарниот Old Fashioned со рум.
РИБИ – Маи Таи
За водениот знак, пијалок што е разнобоен и креативен, а е одличен токму за на плажа покрај вода.