Млади супер-девојки и возрасни хероини на вашата ера, ова е за вас. Како што велат, ако воспиташ едно момче, си воспитал човек. Но ако воспиташ девојка, си воспитал цела генерација. Ако е така, нека не носи убавината на вистинските морални вредности по животната траекторија така што на нашите девојчиња ќе им ја доближиме важноста на тоа да се биде дама. Па дами, (и нежните и чувствителни, но и камено цврстите жени) вие ја создавате вашата судбина:

  1. Патувајте кога и да ви се укаже прилика
    Затоа што ништо како жена која видела различни култури, чии хоризонти се широки и раскошни, ништо како дама со полна душа и возбудливи доживувања.
  2.  Водете дневник
    Затоа што тоа е најубавиот и најпрактичниот начин да ја разбистрите главата од бурното животно темпо, да можете да ги видите своите чусвтва од страна и да увидите сами дали некаде сте претерале или погрешиле.
  3. Сакајте го вашето тело и уживајте во него
    Вашето тело е канвасот на уметникот кој сте вие. Чувајте го, негувајте го, уживајте во своите облини, а тоа ќе биде доволно силно за да ве носи низ уживањата на животот.
  4. Дружете се и поминувајте време со најблиските
    Создавајте спомени, безусловно помагајте на другарките и никогаш не го запоставувајте семејството и луѓето кои ви се важни. Доблест е да сме тука за другите.
  5. Читајте, читајте, читајте
    Затоа што најубавото на една жена е нејзината елоквенција, умеењето да ги одбраните своите ставови со аргументи, кога можете да разговарате со било каков соговорник, кога сте развиле вивидна имагинација и раскошен вокабулар.
  6. Бидете едноставни во елеганцијата
    Едноставноста е основната форма на софистицираност. Кога е во прашање физичкиот изглед, запомнете дека “less is more“. Парчињата облека треба да ве претставуваат вас како автентична личност, жена чиј основен атрибут е мозокот а не голата кожа, а шминката треба да ја истакне вашата природна убавина, а не да ја покрие.
  7. Ситни но не помалку важни совети се: Избегнувајте тривијални расправии, живејте во моментот, ширете љубезност и разбирање, одмарајте ја вашата душа, барајте почит, но понудете нешто што вреди да се почитува и за крај, бидете смели и сакајте! Вие можете сѐ!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР