Италијанската фирма Carlo Ratti Association, смислиле брилијантен начин како да ги потикнат луѓето на вежбање. Тие направиле теретана-брод, која ја користи човечката енергија за пловење по Сена во Париз.

Бродот под името “The Paris Navigating Gym” е долг 20 метри и може да прими 45 луѓе. “Оваа теретана-брод го истражува потенцијалот на користење на човечката сила”, кажа Carlo Ratti. “Фасцинантно е да се види како енергијатата се генерира со вежбањето во теретана, која може да се искористи за погон на брод. Тоа претставува едно очигледно искуство, зад често пати апстрактниот поим за “електрчната енергија”. Иако концептот е се уште во развој, дизајнерите проценуваат дека првиот теретана-брод, ќе може да се види кон крајот на 2017!

The Paris Navigating Gym, функционира со претворањето на кинетичката енергија (која се произведува на некоја направа за вежбање) во електрична енергија. Меѓутоа, ако нема доволно патници на бродот, тој ќе може да се движи со помош на фотонапонските ќелии на кровот. Уште една причина да се посети Париз!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБои кои не прават помлади!
Следна објаваПрактично дизајниран стан со 35 метри квадратни!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР