Доколку сте во потрага на кој начин децентно да внесете боја во домот, овој шарен скандинавски стан сигурно ќе ве инспирира, со единствените украсни елементи кои можете да ги користие во својот простор. Овој четворособен стан во Linnéstaden – Gothenburg, има 114 метри квадратни, поделени во три спални соби, голема дневна соба, кујна и купатило.

Збир на убави историски детали кои внимателно се сочувани, за да го испочитуваат наследството на зградата. Зградата е изградена 1908 година, станот е со високи sидови, оригинален под, врати со огледала и традиционален камин, кој станарите често го користат за време на студените шведски зими.

Како центар на станот е просторот за дневен престој, инспириран со ведрина во кој бојата е главниот актер. Бојата се прелева по перничињата, сликите и материјалот на мебелот. Лустерот додатно ја зачинува одличната атмосфера, а нам посебно ни се допаѓа малиот балкон со ковано железо и совршениот поглед на Kastellgatan.

design-living-room-1 design-living-room-2 design-living-room-4 design-living-room-6 design-living-room-7 design-living-room-8 design-scandinavian-kitchen-3 design-scandinavian-kitchen-4 design-scandinavian-kitchen-5 hall-1 hall-2 interesting-bedroom-1 interesting-bedroom-2 interesting-bedroom-3 living-kids-1 living-kids-2 living-kids-3 novel-bathroom

novel-terrace

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМексикански ресторан “Аmigos” совршено место во срцето на градот!
Следна објава7 класици вредни за вашето внимание и зошто треба да ги прочитате
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР