kettlebells-1677217-1280-1

Ако вашата утринска рутина вклучува вежби со силен интензитет, истражувањата сугерираат дека правите грешка. Наместо тоа, PureWow истакнува дека е најдобро време за вежбање навечер. Еве зошто:

ВАШИТЕ МУСКУЛИ СЕ УКОЧЕНИ НАУТРО

Часовите на неактивност го прават утрото не многу идеално за вежбање. Кога ќе станете од креветот, вашите мускули можат да бидат укочени заради лежењето уште некое време, што значи дека морате темелно да се истегнете и да го припремите вашето тело пред да одите во теретана. Од друга страна, до крајот на денот температурата на вашето тело ќе расте и вашето тело ќе биде повеќе спремно за напорните телесни вежби.
fitness-1677212-1280-1

Вежбањето навечер ќе ви помогне за подобар сон

Студијата на универзитетот во Калифорнија покажа дека луѓето кои вежбаат навечер се во состојба да заспијат само по 30 минути, откако ќе ја напуштат патеката за трчење. Зошто? Истражувачите трврдат дека тоа е заради намален крвен притисок и напнатост во мускулите по трчењето.

Вашите плуќа функционираат подобро навечер

Заради промена на рутината и поставување на тренинзите во вечерните часови, полесно ќе можете да го зголемите интензитетот на вежбањето. Истражувањето објавено во часописот International Journal of Clinical and Experimental Medicine, тврди дека плуќата функционираат 6% подобро навечер отколку наутро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНови 8 “cool “парчиња од H&M!
Следна објаваФантастична ревија на Chanel Pre-Fall 2017. во Ritz Paris!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР