Скршеното не е секогаш оштетено, нели? Дали сте знаеле дека Кинезите скршените предмети ги лепеле со течно злато, за кога ќе се состават да се гледа нивната пукнатина и да се знае дека тоа нешто преживеало многу и има век и историја, која е многу повредна од нова чинија од продавница?
Па можеби водени по таа логика а можеби и само жедни за иновативност, артистите ширум светот започнуват нов тренд за малите канваси на прстите: нокти како скршено стакло.
Изгледа впечатливо, интересно, невообичаено и секако креативно, па пробајте!