Во топол, традиционален италијански дух, можеби сосема очекувано, модната групација МАГНЕТИК ГРУП приреди едно модно бегство во времетрање од еден час, кое буквално имаше моќ да направи гостите да не сакаат да заминат од другата страна. Завчера вечер, во винскиот бар Litlle Box, беше одржан моден настан, на кој се презентираше најновата женска колекција на Италијанскиот бренд за чанти и аксесоари CARPISA. Организиран од страна на МАГНЕТИК ГРУП во соработка со модната блогерка Емилија Miss Urban Vibe, настанот беше од затворен карактер, наменет за модните блогерки од Македонија.
unspecifiedds
Настанот беше карактеристичен по храбрите и смели модни комбинации, како и по
специфичната пријателска енергија која буквално струеше низ просторијата.
Фотографирањето со мобилен беше главна преокупација на блогерките кои целосно беа обземени од духот на софистицираност и елеганција која КАРПИСА успешно ги преточува речиси во сите нејзини модели.
unspecifieduyu
Инспирирана од природните убавини и богатства на познатата Италијанска ројална палата Caserta, оваа колекција отсликува софистицираност и елеганција во вистинска смисла на зборот. Тргнувајќи од лизард чантите од колекцијата CRUZ дизајнирана од Пенелопе и Моника Круз, до “месинџер” и “две во едно чантите” кои се супер популарен “every day” тренд – КАРПИСА ја достигнува својата популарност.
Во однос на боите, оваа сезона преовладуваат комбинација од два земјени тона, како
крем и црна, или цигла и темно зелена боја.
unspecifiedll
Не е тајна дека КАРПИСА е еден од најомилените брендови ширум светот. Впрочем, за тоа говорат и добро познатите колекции на прекрасните Пенелопе и Моника Круз, кои веќе трета сезона дизајнираат свои модни линии за КАРПИСА под името CRUZ.
Во прилог, неколку фотографии од настанот кои совршено ја отсликуваат позитивната
атмосфера. Презентираните модели на чанти можете да ги најдете во продажните салони на CARPISA во Рамстор и Скопје Сити Мол.
СПОДЕЛИ
Претходна објава„Casa del Acantilado“ е навистина една од најчудните куќи!
Следна објаваГо посетивме Ostria Sea Side Hotel на Халкидики
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР