Филигранската техника е испиративна сама по себе, нудејќи големи можности за манипулација и креација. Тоа го користи младата сликарка Елена Пешевска Ека создавајќи креации во кои освен стандардното сребро, основниот материјал за изработка на филигран, користи и скапоцени и полускапоцени камења како рубин, тиркиз и амазонит. Не се ограничува на еден стил туку секојдневно истражува и експериментира со традиционалните филигрански елементи, создавајќи современи дизајни.

“Од секогаш сум му се воодушевувала и сум го носела како моден детал, како последно и крајно обликување на мојот стил. Интересот кон филигранот ја испровоцира мојата креативна мисла во домен на дизајнот, па посакав да реализирам свои лични креации. По завршувањето на моите студии по сликарство на Факултетот за Ликовна Уметност се запишав на курс во Комората за занаетчии на Град Скопје кај мајстор Аднан Рамадани каде што ги стекнав основите за изработка на филигран” – изјавува таа. Погледнете ги нејзините прекрасни креации!








Овој був е се уште во процес на изработка, но Елена го откри специјално за нас.

фото: Филип Ристевски

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДизајн студио со идеи од други светови | Bobsmade
Следна објаваБајка со тажен крај | Ruslana Korshunova
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

4 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР