Најновиот филм на Брајан Сингер во франшизата за мутантите со супер моќи. 

X-Man_Apocalypse_IMG1_bigАпокалипса, првиот и најмоќен мутант во Марвелвиот Х-универзум станал бесмртен и непобедлив. Откако одмора илјада години, се буди разочаран од светот што го наоѓа.

X-Man_Apocalypse_IMG2_bigТој регрутира тим од моќни мутанти, вклучувајќи го и обесхрабрениот Магнето (Мајкл Фасбендер), за да го исчистат човештвото и да создадат нов светски поредок со кој ќе владеат.

X-Man_Apocalypse_IMG3_bigСудбината на Земјата виси на конец, а Рејвен (Џенифер Лоренс) со помош на професорот Икс (Џејмс МекАвој) води група млади Икс-мени за да го запрат својот најголем непријател и да го спасат човештвото од целосно уништување.

X-Man_Apocalypse_IMG4_bigПо режија и сценарио на Брајан Сингер, најновото продолжение на серијалот кој за прв пат се појави пред 16 години, ќе ја воодушеви публиката со одличните филмски ефекти. Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелната магија во соработка со студиото MPC Technicolor од Лондон.

X-Man_Apocalypse_IMG5_bigГлавните улоги во „Икс-мен: Апокалипса“ ги толкуваат Џејмс Мекавој, Мајкл Фасбендер и Џенифер Лоренс, а нови во франшизата се актерите Оскар Ајсак и Оливија Мун.

X-Man_Apocalypse_IMG6_bigПремиерното прикажување на „Икс-мен: Апокалипса“ пред македонската публика бешe на 19.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖенските усни како сликарско платно
Следна објаваLouboutin | Свадбена колекција на чевли и шминка
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ