Carmen Kass е родена на 14 Септември 1978 година, во Естонија, во градчето Paide. Имала ретка среќа да биде забележана од еден италијански скаут во еден супермаркет во Талин. Таа била воспитана од нејзината мајка да не верува на непознати и да не прифаќа ништо од нив. Па така, кога агентот на италијанската куќа и пришол да и се претстави, таа самошто не извадила нож кој го носела во џебот за да се заштити, ако за тоа има потреба. Откако недоразбирањето поминало, човекот и понудил да замине со него во Милано, кадешто и ветил дека ја чека светла иднина. Но, се појавил уште еден проблем; таа имала само 14 години и за да замине потребен бил потпис од нејзината мајка. Кармен разговарала со мајка си, но таа одбивала да и дозволи да замине бидејќи сметала дека е премногу мала за да се справи со тој свет. Не можејќи да ја убеди, таа го фалсификува нејзиниот потпис и заминува за Милано.

Ме однесоа во една агенција во која неколку луѓе седеа, ме погледнуваа и потоа коментираа меѓу себе. Зборуваа Италијански, а јас се што разбрав е дека моите усни се претенки и дека им треба корекција. Никогаш не се сложив со тоа!!!” – вели Кармен.

И покрај нејзините несовршени усни, нејзината кариера добива нагорна линија. На само 18 години таа се сели во Париз и се појави на насловните страници на многу светски, модни списанија како што се : L’Officiel и Vogue (франција), Elle (Австралија), Image (Велика Британија), Madame Figaro, Numero France и други.

Во 1999 година почнува да работи ревии за сите познати дизајнери како Alberta Ferretti, Anna Sui, BCBG, Bill Blass, Calvin Klein, Chanel, Christian Dior, DKNY, Dolce & Gabbana, Gianfranco Ferré, Gianni Versace, Gucci, Jill Stuart, MaxMara, Michael Kors, Moschino, Nicole Miller, Prada, Oscar de la Renta, Ralph Lauren, Tommy Hilfiger, Louis Vuitton, and Valentino.

Денес Кармен Кас е топ – модел и успешна жена. Портпарол е на Sephora, една од светски, водечките козметички куќи, а одреден период беше и парламентарка во родената Естонија (се прашуваме дали некој воопшто слушал што зборува или сите зјапале со подзината уста?

Интересно за нејзе е што е љубител на шахот, патувач, авантурист и полиглот… и тоа дека за нејзината висина има многу мали стапала, па често паѓа. Добро, никој не е совршен! :)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа сите страствени фанови на Apple | IPoo
Следна објаваБелата пустина (Египет)
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР