Мислевте дека вашите соседи се лоши? Запознајте ги нивните.
Пристигнува „Соседи 2“ , продолжението на најпопуларната оригинална комедија во 2014 година. На ѕвездите од првиот дел, Сет Роген, Зак Ефрон и Роуз Берн, им се придружува Клои Грац-Морец.
Николас Столер повторно режира филм за тоа што се случува кога родителите ќе се свртат против сестринството во нивната близина. Сега Мек (Роген) и Кели Раднер (Берн) треба да добијат второ дете и спремни се конечно да преминат кон зрел живот и да се преселат во предградието.
Но, само што помислиле дека го вратиле соседството во свои раце, и дека е безбедно да ја продадат куќата, откриваат дека до нив се доселило сестринство, кое е уште полудо од Теди (Ефрон) и неговото братство.
Бидејќи им здодеал сексистичкиот и рестриктивен школски систем, необичните девојки од Капа Ну решиле да отворат куќа во која ќе можат да прават што сакаат. Кога Шелби (Морец) и незјините сестри, Бет (Кирси Клемонс) и Нора (Бини Фелдстин), наоѓаат совршено место блиску до кампусот, нема да дозволат фактот што се наоѓа во мирна уличка да ги спречи да прават неповторливи журки какви што правеа и момците.
Принудени да побараат помош од еден бивш сосед кој знае како да ги среди новите сосетки, Раднерови со помош на најдобрите пријатели Џими и Пол, ќе го доведат харизматичниот Теди како свое тајно оружје.
Ако тој не успее да се инфилтрира во сестринството и со својот шарм да се пробие низ него, тогаш 30-годишниците ќе го растурат домот на сестринството Капа. Но, ако мислат дека нивните сосетки ќе седат мирни, тогаш сериозно ја потцениле моќта на младата генијалност и вистинското лудило.
Премиерното прикажување на „Соседи 2“ пред македонската публика e нa 19.05.2016 (четврток), по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.