Бездруго, најочекуваниот понеделник во последно време!
Она што го прави денешниот ден да биде очекуван со драга волја всушност, е иницијатива којашто започна и не така одамна во Виена, Австрија. Сите сме чуле, помирисале и вкусиле нешто предобро кое доаѓа во црвена шолјичка со црна стилизирана дршка, сите сме го виделе белиот профил и сме помислиле „ова е добро кафе“ – но, дали сите сме запознаени со глобалната акција која токму Julius Meinl ја создаде?
Уште од 1872, познатите кафетерии во Виена и низ Европа пречекале, угостиле и запаметиле голем број на уметници кои во голема мера, поради артистичкиот начин на живот и несфатеноста од општеството честопати немале со што да го платат кафето кое го пиеле цел ден во осамената масичка во аголот, уживајќи во сопственото друштво и создавајќи нешто чија безвременост ќе остане како тема на разговор и восхит години и години по нивното време. Без да се стави акцент на типот на уметност, во поглед на содржината на оваа иницијатива важно е да се напомене дека безразлика дали се работи за уметничка слика, музика, филм или книга – сето тоа има нешто заедничко, заедничка приказна да се раскаже. Зборови да се склопат и пренесат, поезија да се трансформира во емоција и да го направи светот пољубовен и поубав за живеење, макар и на еден ден.
Воглавно распространета низ Европа, но сепак од Австрија до Австралија, идејата е да се создаде парче поезија и да се употреби наместо било која валута, на оние места на коишто се служи Julius Meinl – оваа година, тоа се следните локации низ Скопје:
Veneto Italian Restaurant
Restaurant Dion
Nargile Caffe
Paladium Cafe Bar
Badu Bar
Во принцип, не треба да сте следниот Данте и да трагате по својата Беатриче од 10:00 до 16:00 часот. Треба само да го разбудите поетот во себе и да уживате во кафето!