Заврши најважната и најголемата филмска ноќ во годината – доделување на 88- иот Златен Оскар!

Chris Rock одлично ја одработи својата работа како водител, со смеа исериозни говори со кои не почести, а публиката го наградуваше со голем аплауз.

1-26

 

Најголем добитник на вечерта е филмот “Mad Max: Fury Road” кој освои 6 златни Оскари, но сепак главната звезда на вечерта беше Leonardo Dicaprio кој најпосле го доби Оскарот. Неговиот говор ги воодушеви сите во салата, зборуравајќи за проблемот со глобалното затоплување.

Во продолжение прочитајте ги и другите добитници во главните категории за престижните филмски награди…..

1-36

Оскарот за најдобар филм за 2016 година, му припадна на филмот “Spotlightu”.

Најдобра главна глумица е  Brie Larson за улогата во филмот “Room”, а Оскарот за главна машка улога го доби Leonardo DiCaprio за извонредната улога во филмот “The Revenant”.

Оскар за машка споредна улога доби Mark Rylance за улогата во филмот “Bridge of Spies”, додека Оскарот за споредна женска улога го доби Alicia Vikander  за улогата во филмот “The Danish Girl”.

Оскарот за најдобар режисер му припадна на Alejandro G. Inarritu за филмот “The Revenant”. За најдобро оригинално сценарио наградени се Josh Singer и Tom McCarthy за “Spotlight”,  додека за најдобро адаптирано сценарио со Оскар се наградени Adam McKay и Charles Randolph за “The Big Short”.

Најдобар краткометражен филм е “Bear Story”, а Оскар за долгометражен анимиран филм му припадна на “Inside Out”. Оскар за најдобра оригинална песна очекувано го доби “Writing’s on the Wall ” на Sam Smith. Наградата за најдобра оригинална музика ја доби Ennio Morricone за својата работа во филмот “The Hateful Eight”.

За најдобар долгометражен документарен филм, победата ја однесе биографскиот документарец “Amy”, а за најдобар странски филм е прогласен унгарскиот филм “Son of Saul”, најдобар краткометражен филм е “Stutterer”, а за надобар краткометражен документарен филм наградата ја доби “A Girl in the River: The Price of Forgiveness”.

Оскарот за најдобра сценографија и најдобра монтажа му припадна на филмот “Mad Max: Fury Road”. Златен Оскар за најдобра костимографија доби Jenny Beavan за својата работа во филмот “Mad Max: Fury Road”.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (29.02 – 06.03)
Следна објаваДел од природата со вас
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР