Наталија Михаиловна Водјанова (Руски: Наталья Михайловна Водянова) е родена е на 28 Февруари 1982 во градот Горки, Русија. Растела  во најсиромашниот дел на овој руски град, заедно со својата мајка и двете полусестри, од кои едната боледувала од церебрална парализа. Имала многу тешко и лошо детство. Нејзината мајка постојано носела нови љубовници во нивниот дом, а татко и ги напуштил кога била многу мала и ненадејно повторно се појавува кога таа ќе стекне светска слава. Со цел да и помогне на својата мајка да го одгледува семејството, таа почнала да продава овошје на улица на само 11 години со еден свој пријател. Подоцна, на возраст од 15 години се сели со истиот тој пријател во посебен апартман, но и понатаму и помага парично на својата мајка.

Непосредно пред преселувањето, се запишува во една модна агенција за да учи да биде модел. Тука ги стекнува сите манири на добро однесување, женственост и етика. Еден ден окото на еден од скаутите од француските модни куќи, запира токму на нејзе и ја повикува на кастинг. Тој и предвидува светла иднина, ако успее да го совлада англискиот јазик за три месеци. Немајќи што да облече за предстојниот кастинг, сакала да се откаже и да не се појави, но нејзиниот тогашен партнер ја убедува дека ова и е животна шанса која не смее да ја пропушти. Така Наталија се појавува на кастингот во едно старо здолниште од нејзината мајка, кое предходно го потсекла и преправила.

Ова беше светлината на крајот од нејзиниот мрачен животен тунел.

Убедена дека нејзиниот живот ќе се промени на подобро таа го учи англискиот јазик и на 17 години се сели во Париз каде со задоволство ја земаат како заштитно лице за агенцијата “Вива”. Иако нејзината плата била мала, сепак била многу поголема од онаа во Русија.

Животот во целост и се менува подоцна, на 19 години откако ќе се вљуби и омажи за Џастин Портман – британски наследник на милионски недвижен имот. Непосредно пред раскошната свадба од бајките во Санкт Петерсбург, таа на свет ќе го донесе нивниот син Лукас. Подоцна ги добива и помалото синче Виктор и ќеркичката Нева.

Денес оваа руска убавица е инспирација и муза на многу светски креатори. Не само заради фактот што поседува уникатна убавина и совршено лице, туку и заради приказната за нејзиниот живот. Нејзиното име стои скоро во сите рекламни кампањи и модни ревии на најпознатите модни куќи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуѓето и нивните двојници – риби
Следна објаваСинајска гора (Египет)
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

3 КОМЕНТАРИ

    • pocituvana gospodjo (najverovatno) gordana: sigurno pripadjas od starive generacii i demek toa vreme ne praile ovie raboti od sto vie deneska se cudite ne e tocno i togas gi imal istite raboti i golotii i ebenja za pari isve ama togas ne ste mozele da gi vidite i da bidat mn javni zs ne ste imale uslovi ne ste imale struja telefon televizori voda a kamo internet sto ti ovozmozuva da najdes razni informacii …taka da ne se cudi vazno e da se ima pariii zs lugevo deneska nemaat obraz nego te gledam i te cenat i te postuvat po tezinata na ziro smetkata … kiss

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР