Тенка е границата помеѓу шик изглед со принт од животни, и изглед кој изгледа ефтино и спремно за во канта ѓубре. Наместо да сте во постојан страв од ваков вид на принт и постојано да го избегнувате, нека ве заведе овој моден тренд и и поиграјте си со вашата фантазија. Верувајте ни, со првото парче (ама само едно, еднинствено), секогаш ќе изгледате шик, а никако ефтино.
Наша инспирација се Кејт Мос (кралицата на леопард капути) и Лив Тајлер, но и модната колекција на Миу Миу и Селин.
Во нашата галерија погледнете ги овие топ 6 парчиња со леопард, кои се едни од најубавоте парчиња со принт од животни.