12325319_1050071878378968_383987659_n„Неверство“ е едно од најзначајните дела на Англиската драма. Пишувајќи ја во 1978 година, Харолд Пинтер бил инспириран од својата прикриена вонбрачна љубовна афера со една од презентерките на ББЦ, Џоан Беквел, која траела седум години. Во многу драмски акции бракот е појдовна основа, дури и во ситуација кога има љубов. Ако дошло до неверство, тогаш сигурно проработел брачниот проблем кој во овој случај, базирајќи се или не на личното искуство, бил основната инспирација на Пинтер.

Речиси апсурдно, целата драма е суштински презентирана во обратен временски редослед. Уникатниот пристап на реверзна временска хронологија на настаните, иако често спомнуван како „евтин“ трик, не принудува на пиесата да и пристапиме од мемориска страна и сите настани да ги гледаме од појдовна точка на сегашноста, што ќе рече дека нема разлика дали од „сега“ ќе се движиме „напред“ или „назад“ низ времето. Впрочем, временската хронологија не се случува само реверзно, бидејќи во две ситуации сценската временска оска се движи хронолошки напред во времето доведувајќи ја публиката во исчекување на тоа „што ќе се случи после“, за разлика од останатите сцени каде е активирана меморијата на тоа „што се случило претходно“.

12348515_1050071881712301_1649035911_n

Она што е исто така за воодушевување е и употребата на „молчењето“ во облик на долги и натегнати паузи помеѓу репликите на ликовите. Молчењето речиси секогаш кај публиката предизвикува љубопитност што е тоа што ликовите не го кажуваат или можеби не можат да го кажат еден на друг. Мајсторството да се „слушне“ или „прочита“ молчењето во драмите на Пинтер, е едно од неговите најмоќни оружја. Едноставно публиката е ставена во ситуација на постојано разоткривање на недореченото, на ненаправеното.

Трите лика во претставата се во романтичен триаголник. Овој љубовен триаголник на трагикомичен начин е во центарот на вниманието, од најсреќните до најмрачните моменти. Никој од ликовите нема никаква корист од тој магичен триаголник во кој се наоѓаат. Тие едноставно биле среќни само кога биле верни на самите себе. Кога влегле во триаголникот, патот на лаги и измами ги однел во неповрат.

12348743_1050071885045634_1147442068_n

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСликарство на рециклирано дрво
Следна објаваПрекрасни бордо фустани oд плиш, за празниците што следат!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ