На Design week Skopje 2015. кој заврши пред една недела, големо внимание и интерес предизвикаа новите Pray oчила за сонце со дрвени рамки. Интерeсот на посетителите и дизајнерите за овој несекојдневен моден детал е и фактот дека тие се првиот бренд на дрвени очила за сонце во Србија и во регионов. Дизајнери и изработувачи на Pray oчилата се Исток Радованов кој одлично изработува дрворез и архитектот Илија Деменску.
Фактот дека овие рамки се направени од природно дрво и не содржат боја, а некои од егзотичното дрво им даваат посебен ексклузивитет на овие очила.
Ние во Divian Arts, пробавме неколку модели и резимираме :
– Очилата се исклучително нежни на допир, со пријатна природна боја на дрво, удобно прилегаат на лицето, со квалитетни поларизирани стакла вградени во нив, кои штитат од штетното UV зрачење. Очилата се со врвен квалитет и по носење од неколку моменти стануваат дел од вас. Се воодушевивме од врвниот квалитет!
Секоја чест на производителите на Prey oчилата, тие се апсолутно нешто ново и оригинално на светскиот и на нашиот пазар.
Wonderlust (www.facebook.com/wonderlusto) се ексклузивни застапници на овој бренд во Македонија, а од тоа што го слушнавме, во иднина не очекуваат уште многу пријатни изненадувања од нив. Момeнтално можетe да ги најдете во модното студио на Јована Филиповиќ и оптика Filos Fashion. А вие почнете да ги следите и во меѓувреме останете уникатни, какви што веруваме дека сте
Македонската модна блогерка Frosinna со Pray oчилата