12

Примарната професија на Руби Силвиус е графички дизајнер, но освен тоа, таа црта, слика на платно, прави колажи и се занимава со секаков вид на визуелна уметност. Своите дела ги создава во Њујорк, а по потекло е од Филипините. Од пред некое време, талентираната Руби добила идеја обичните вреќички чај да ги претвори во вистински уметнички слики. Така започнал нејзиниот проект „363 дена чај” кој се состои од мошне интересно и прецизно насликани вреќички чај кои воопшто не личат на она што се, туку на уметнички дела. Мотивите се различни, но преовладуваат сцени од секојдневието. За овој проект, Руби е добитник на неколку значајни награди.

Уште еден прекрасен пример за убавината и безграничноста на уметноста.

11

2

10

9

8

7

6

5

4

3

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПосетете го домот на единствената Елизабет Тејлор!
Следна објаваЅвездено небо на ѕидовите од англиска катедрала
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ