Marbel_ProductShot-59Во последно време сме сведоци на брзиот развој на технолигијата. Во сферата на сообраќајот целото внимание е насочено кон електричните возила почнувајќи од автомобилите , преку моторциклите па се до велосипедите. Сите тие изгледаат преголемо во споредба со новопласираниот производ  на компанијата “Marbel”, а тоа е електричниот скејборд “Marbel Board”. Тој е најбрзиот и најлесниот електричен скејборд со модерен дизајн и најдобри перформанси до сега направен. Тежок е 4,5кг со димензии од 96,5 x 25,4 x 12,7цм. Marbe развива брзина и до 40км/с. Штицата е направена од композитни карбонски влакна и во неа е вградена целата електроника како и батеријата. Тој работи на литиум-јонска батерија која се полни за 90 минути, а при тоа може да помине и до 30км. најдоброто од овој производ е тоа што тој не е наменет само за урбана средина. Моторот со моќност од 2000W овозможува искачување  на косини со нагиб и до 20%, додека за високата безбедност при возењето тука се електронските кочници. Возилото се движи на четири тркала кои можат да нарачаат во сите можни бои.

Marbel-Electric-Skateboard

Интересно е тоа што може да го поврзете “Marbel” со вашиот паметен телефон за целосна персонализација на вачиот стил на возење, па дури и фда ја следите вашата патека на движење. Овој производ е перфектен за сите оние кои сакаат да ја избегнат градската џунгла. Цената изнесува 1,300$.

Што мислите за овој вид возило, или можеби веќе размислувате за бојата на омилените тркалца?!Tulberg_Motor_Wheel6992913fd8cf1d6a649c0805c8f2d945 CHFa1GAXEAAgPy- back-wheels_1024x1024 (1) images Electric-skateboard Screen-Shot-2015-09-18-at-8.59.16-AM

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ