Замислете си грдите и иритирачки пукнатини и дупки во асфалтот кои се насекаде околу нас, да беа исполнети со нешто меко, топло, шарено и весело… За среќа, не мора да останете само на вашите фантазии, туку благодарение на француската уметница Јuliana Santacruz Herrera ќе можете и да го видите ова со свои очи. Таа ги користи токму мааните на асфалтот, бетонот, ѕидовите и фасадите на Париз како свое платно, за да ги разубави со парчиња волна и ткаенина. Светлите интензивни бои на материјалите, во комбинација со урбаното, сиво опкружување даваат контраст кој го осветлува истото и му дава искра живот на градското сивило. Еден од покреативните изрази што ќе ги видите во денешно време.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваIKEA живеалиште во метрото во Париз
Следна објаваВодопадите Trummelbach (Швајцарија)
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР