Островот Кихну се наоѓа на Балтикот, поточно во Естонија. Интересен факт за овој остров е дека овде владее матријахатот, односно жените го имаат главниот збор. Жените се тие кои што ги носат примарните одлуки, бидејќи нивните мажи се во поголемиот дел од годината отсутни од своите домови. Тие работат на товарните бродови или се риболовци, па затоа нивните сопруги се грижат за свиоте семејства, а во исто време се занимаваат со политика и се разбира со сочувување на највредното нешто а тоа е секако нивната традиција. При посета на овој остров пред вашиот траект најпрво ве дочекуваат прекрасните огромни галеби, а потоа ќе ги забележите преубавите куќи обоени во пастелни бои. Летото е преубаво на овој остров додека во зима тоа потонува во снег и мраз. Културата на Кихну е под заштита на УНЕСКО од 2003 година. Тамошните жители се вистински чувари на својата богата традиција која вклучува посебни танци, носии и повеќе од 1700 дијалекти. Интересно е тоа што нивните здолништа се идентични на здолништата на жените во Перу, а се оддалечени ни помалку ни повеќе туку цели 12.000км. Во продолжение погледнете делови од нивната интересна култура!!508da49eee60830792b5e390ce6d560f

679cd4f499497d022223a719632eece8
Fotonaitus_Kihnu_27

Iain_Mallory_1402856

Kihnu-Island-Estonia_putting-in-Baltic-herring-fyke-nets.J.Plaan_

7208683400_55d0ed7bcb_b

pärnu, 3.07.2005

Transport

НЕМА КОМЕНТАРИ