MAC неодамна го отвори своето прво makeup studio во Upper East Side во Њујорк. За разлика од своите десет постоечки продавници во областа на Менхетен, акцентот не е ставен на продажбата на производите, туку обезбеди простор за шминкање, целосно посветен на своите makeup уметници и експерти.

Во просторот од 88 квадратни метри, се чувствува изненадувачки интимна атмосфера. Шест столици наредени веднаш во центарот на студиото, го прават ова студио оаза за шминка и убавина. Ладните и топли тонови на освелување, создаваат природна светлина, но иако целиот асортиман е достапен за купување, продажба е многу дискретна. Наместо полиците за продажба, ѕидовите се покриени со задимени огледала и огромни нашминкани ликови со потписот на MAC.

Па така ќе бидете во можност да слушнете лекции и совети за убавина, прилагодени за клиенти со лични преференци и да побарате помош од експерти. Професионалните шминкери, исто така ја нудат шминката на MAC за  секој работен ден или за гламурозна вечера.

mac2 mac3 mac4 mac5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПреспијте една ноќ во соба на Леонардо да Винчи, Енцо Ферари или Данте Алигиери
Следна објаваКлементинум, најубавата библиотека во светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ