Една од најупадливите карактеристики на мапите на Исланд е огромната бела маса која го покрива југоисточниот дел на земјата. Тоа е Ватнајокул – најголемиот глечер во Европа. Покрива скоро 8 % од територијата на Исланд, на површина од околу 8100 км 2. Со дебелина од 400 м, а на некои места и до 1000м – Ватнајокул содржи застрашувачки 3300 кубни километри лед.

Под едноличната бела површина на глечерот се наоѓа брановидно плато составено од долини и како и поголемиот дел од Исланд, ова е област со висока вулканска активност. Под ледот на езерото Гримсвот лежи огромна комора полна со магма, која последен пат еруптираше 2004 година, исфрлајќи огромно количество пепел и сулфур диоксид, кои беа забележани и во Норвешка.

Кога се случуваат вакви ерупции, тие буквално можат да го подигнат дебелиот слој од лед како да е од хартија, овозможувајѓи при тоа да се исфрлат големи количества вода. Така скоро секогаш после ерупциите следат и поплави. Последната поплава во 1996 година ја зафатила и обиколницата на Исланд, па оттогаш Ватнајокул се набљудува внимателно. Овој глечер уште повеќе внимание доби во последните години, кога научниците почнаа да го истражуваат заради знаците на глобалното затоплување.

Ватнајокул лежи во рамките на националниот парк Скафтафел и секоја година е дестинација на илјадници туристи кои доаѓаат тука да пешачат, да скијаат, да се лизгаат и да се возат со моторни санки по неговата површина.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваHTC Rhyme | Желба на секоја девојка
Следна објаваПакувањето го продава производот
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР