Една од најголемите атракции на Исланд е добропознатата геотермалната бања Blaa Lonid (Blue Lagune) која што годишно привлекува и по 400.000 посетители. Blue Lagune е лоцирана на југоисток на полуостровот Reykjanesskaj, оддалечена е околу 40км од главниот град на Исланд, Рејкјавик. Топлите минерални води (37-38`С) содржат силициум диоксид и сумпор, кои поматаат во лечење на многу болести кај човекот. Оваа геотермална вода настанала сосема случајно, кога геотермалната електрана Svartsengi која била изградена во 1976 година но почнала постепено да ја губи водата, од која набрзо се формирало вештачко езеро. Во почетокот на 80-те години од минатиот век околното население започнало да се капе во езерото. Во 1992 година е отворен хотел и спа центар. Од тогаш оваа бања станува светски хит заради нејзината локација како и убавата околина.