Новата научна-фантастичната авантура со Џорџ Клуни и Брит Робертсон пристигна на големото платно.
Врзани со заедничка судбина, паметна и оптимистичка тинејџерка која е љубопитна за наука и поранешно момче-гениј, разочарано тргнуваат на опасна мисија да ги откријат тајните на енигматското место што постои некаде во времето и просторот во нивната колективна меморија позната како ,,Утреземја”.
Како втор режисерски обид во акциониот жанр, по неочекуваниот импресивен успех на „Невозможна мисија 4“, ветеранот на студиото „Пиксар“, Бред Бирд заедно со сценаристот и продуцент Дејмон Линделоф, ја создадоа оригиналната авантура „Утреземја: Светот потаму“, проект кој енергијата за својата динамика ја црпи од фантазијата. Според критиката, следејќи ја максимата дека ,,Фантазијата е поважна од знаењето’’, филмот е футуристички метрополис лоциран некаде во просторот и времето, земја за развој на оптимизмот, лишен од политички дистракции и физички ограничувања’’. Во оваа приказна полна со авантура и мистичност, покрај Џорџ Клуни и Брит Робертсон во главните улоги, играат и: Хју Лори, Кетрин Хан, Рефи Кесиди, Тим Мекгроу, Крис Бауер и други. Сценариото го потпишуваат Бред Бирд, кој е познат по анимираните авантури: „Рататули“ и „Неверојатни“, за кои освои „Оскар“, и Дејмон Линделоф.
Приказната во филмот го следи патешествието на Кејси Њутон, паметна и оптимистична тинејџерка која ја сака науката и Френк Вокер, измачен од славата која ја имал како дете гениј, кој не одолева на шармот на умната, научно свесна и љубопитна тинејџерка да се вратат во мистериозниот свет наречен „Утреземја“ – Земја на иднината. Првично замислен да биде утописко засолниште за планетата Земја, му се менува намената во рацете на тивката закана во ликот на Никс (Хју Лори), што ги предизвикува Френк (Џорџ Клуни) и Кејси (Брит Робертсон) да започнат опасна мисија за промена на светот.
Токму фокусот на топлата човечка интеракција во филмот, се наведува, го прави да се издвои од мноштвото, филм кој ја пренесува пораката, но кој со својата динамика доминира на филмскиот екран. Целосен во својата природа и неограничен во прогресивното размислување и дизајнот, филмот е нималку нежно будење и соочување со фактот дека светот, и покрај тоа што е мал, е далеку од работ на истребување. Пораката на филмот е за почит. Живееме во време доминирано од страв – политиката не ни нуди надеж, тие предупредуваат на претерани закани и несреќи. ,,Утреземја: Светот потаму’’ ја проповеда моќта на надежта, на соништата, тоа е оној тип филмови каде кај секој актер се пали некоја искра во очите. Тие си оптимисти, сонувачи, и ни го пренесуваат тоа на нас, нивната публика.
Премиерното прикажување на „Утреземја: Светот потаму’’ пред македонската публика беше на 21.05.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.