naslovna
Овен

На почетокот од неделата ќе остварите значајна средба со некого која ќе ви помогне да решите некоја проблематична ситуација во која сте биле подолго време. За да ја подобрите комуникацијата, важно е да ги слушате советите од некој кој веќе поминал низ истото. Сè на сè, ве очекува убава недела која ќе ве подготви за случувањата кои ви следат понатаму.

Бик

Според поставеноста на планетите, можно е да се најдете на некое патување со многу необични луѓе околу вас на кое ќе научите многу корисни нешта за себе. Токму тие луѓе ќе ве поттикнат да ги напуштите старите концепти и да прифатите нови идеи и навики. Кога станува збор за партнерот, не прифаќајте нереални идеи и размислувајте разумно.

Близнаци

Ви следи многу зафатен период во кој буквално нема да имате време за одмор и работите ќе ви се одвиваат во брзање. Иако Близнаците се навикнати на брзо темпо, обидете се да најдете време за релаксација. На некој од вашите пријатели му е потребна ваша помош, а вие точно знаете како да го упатите на вистинскиот пат.

Рак

Овој период, имате потреба да бидете сами или во друштво на малкумина најблиски со кои делите исти ставови. Ќе остварите многу средби, но тие веројатно ќе биде на некои тивки и мирни места. Не дозволувајте да ве понесат илузорни идеи на патот кон вашиот успех. Запомнете дека другите не секогаш го делат вашето мислење.

Лав

Ве очекува динамична недела и многу средби со луѓе со кои долго не сте оствариле контакт, но имате многу заеднички работи, па на тој план ќе се чувствувате посебно исполнето. Лесно може да ве поведе имагинацијата, но гледајте да останете приземјени. За време на викендот ќе дознаете некоја многу важна работа.

Девица

Ви претстојат важни настани поврзани со кариерата и професионалните планови кои ќе ве поттикнат уште еднаш да размислите за одлуките во животот. Проблемот можно е да лежи во тоа што не секогаш знаете што луѓето околу вас планираат да направат. Обидете се да разграничите кому можете да му верувате, а кому не.

Вага

Овој период, сконцентрирани сте на кариерата и имате потреба да ја изразите вашата природа и креативност.  За да успеете во ова, мора да се ослободите од она што ве влече наназад и да ги погледнете работите надвор од кутијата. Во ова ќе ви помогнат луѓе кои имаат неконвенционален начин на размислување. Ви следи кратко патување.

Скорпија

Ви претстои мошне необичен период за вас бидејќи никогаш не сте имале проблем да ги дешифрирате вашите скриени мисли и чувства како што имате сега. Гледајте да избегнете недоразбирања во врската – така ќе ви биде полесно. Разговарајте за вашите емоции со некој кој поминал низ слични ситуации. Она што ќе го откриете за себе ќе ви биде од голема помош во иднина.

Стрелец

Во моментов имате правилен пристап кон работите и сè ви се одвива како што треба. Ви следи динамичен развој на настаните и многу нови можности за во иднина. На љубовен план, постојат некои компликации и недоразбирања со партнерот. Што се однесува до пријателите, внимавајте, бидејќи има некој што сака намерно да ви наштети.

Јарец

Се наоѓате во ситуација кога сè околу вас ви изгледа хаотично. Тешко ви е да прифатите дека луѓето ретко го исполнуваат она што го ветиле. Но не грижете се- сите овие настани ќе ве доведат до вистинскиот пат. Имате безброј можности за да го направите правилниот избор во животот. Бидете трпеливи.

Водолија

Се чини дека ви следи активен период и на работа, и со партнерот и со семејството. Ќе правите многу работи во исто време, но со добра организација на времето може да постигнете сè што сте си зацртале. Ви следи некој неочекуван настан поврзан со некој колега, а во кој ќе бидете директно вклучени. Слободните Водолии треба да бидат повнимателни во изборот на партнер.

Риби

Поставеноста на планетите кажува дека можни се мали разочарувања кога станува збор за пријателите кои не секогаш ги исполнуваат вашите очекувања, а често знаете да добиете погрешен впечаток за некого. Се чувствувате збунето и дезориентирано, но не за долго. Веќе наредниот период работите ќе се наместат како што треба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваArtistic Accessories Goblen| „Не(време)“
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (25.05 – 31.05)
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ