Џорџ Милер по четврти пат не води во пост-апокалипстичниот свет на „Лудиот Макс“.

Mad_Max_Fury_Road_IMG1_big

Апокалиптична приказна базирана во најдалечните краишта на нашата планета, во остар пустински пејзаж каде што човештвото е скршено, каде што речиси сите се борат за основните потреби за живот. Во овој свет постојат двајца бунтовници во бегство, кои можат да воспостават ред. Тука е Макс, човек од акција и човек од малку зборови, кој го бара сопствениот мир по загубата на неговата сопруга и дете, како последица на хаосот. И Фуриоса, жена од акција и жената која верува дека нејзиниот пат кон преживување може да се постигне ако ја помине пустината назад кон нејзината татковина од детството.

Mad_Max_Fury_Road_IMG2_big

Од режисерот Џорџ Милер, иницијаторот на пост-апокалиптичниот жанр и генијалецот кој стои зад легендарниот серијал на Лудиот Макс, ни доаѓа новиот филм „Лудиот Макс: Пат на бесот“ кој не враќа во светот на славниот уличен војник во име Макс Рокатански. Прогонет од турбулентното минато, Лудиот Макс (Том Харди) верува дека најлесно би преживеал сам. Сепак под чудни околности ќе и се придружи на дружината која е под водство на таканаречената императорка Фуриоза (Шарлиз Терон). Бегаат од Цитадела која ја тиранизира Имортан Џо, на кому му е одземено нешто од непроценлива вредност. Во бегството ќе ги повикаат сите свои следбеници и членови на бандите во немилосрдното прогонство на одметникот и ќе започнат високооктанска војна.

Mad_Max_Fury_Road_IMG3_big

Филмот на Џорџ Милер не воведува во светот кој е полуден и во кој улиците се борбено поле. Ја запознаваме убавината и хаосот на пост-апокалипстичниот свет кој го создаде и го следиме патот на таинствениот војник. Милер отсекогаш замислувал да сними филм кој е една голема потера од почеток до крај. „Акционите филмови ги замислувам како визуелна музика, а овој филм е нешто помеѓу луд рок концерт и опера. Сакам да гледам како гледачите се буквално залепени за столче и потполно понесени од лудото возење и ликовите кои ја водат приказната“. Продуцентот Даг Мичел, кој работи со Милер повеќе од 35 години вели дека целиот овој процес на настанувањето на филмот бил едно лудо возење: „Џорџ е брилијантно креативен, но има и прагматична страна и само таа комбинација на размислување ни овозможи да реализираме проект од вакви размери, бидејќи имавме многу компликации и моменти на лудост. На крајот, секако беше огромна чест да се биде дел од ова епско патување.“

Mad_Max_Fury_Road_IMG4_big

Милеровиот пат со овој серијал започнува во седумдесетите години кога работел во итната служба како лекар и замислувал приказна за самотникот во светот лишен од секакви правила по колапсот на друштвениот поредок, тероризиран од психотичните улични банди. „Од секогаш ме фасцинирало како еволуираат општествата кои понекогаш можат да бидат неверојатно инспирирачки, но некогаш и навистина вознемирувачки. Кога би ја отргнал комплекноста на модерното општество, влегуваш во свет кој е многу елементален, соголен и раскажуваш приказни кои се базични алегории“, вели Милер. Со скромен буџет, многу мотори и автомобили и младиот непознат глумец Мел Гибсон во главната улога, Милер го сними филмот на празните улици околу Мелбурн во Австралија и ја портретираше суровата енергија на катаклизмичниот свет во кој вистинските луѓе возат вистински автомобили со неверојатна брзина и изведуваат невозможни каскадерски акти. Настана Лудиот Макс, кој и беше претставен на публиката во 1979 година и постана дел од модерната култура. По него следеа продолженијата Лудиот Макс 2: Уличен војник и Лудиот Макс 3: Thunderdome.

Mad_Max_Fury_Road_IMG5_big

Режисерот објаснува: „Една од идеите која беше значајна за првиот филм и овој новиот е гледиштето на Алфред Хичкок за снимање на филмови кои можат да се гледаат било каде во светот без титлови. Настојуваме да го постигнеме она што го прават одличните парчиња музика – без разлика во какво расположение си, успева да те однесе во светот подалеку од се и само по себе е искуство кое ти создава неверојатно доживување. Тоа се обидуваме да го постигнеме со овие филмови.“

mad-max_SBgr1

Премиерното прикажување на „Лудиот Макс: Пат на бесот“ пред македонската публика е на 14.05.2015, по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГламурозната мода на Канскиот филмски фестивал
Следна објаваRene Lalique | Висок дизајн на накит
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ