Oд оваа глетка ќе ви застане здивот. Споредувајќи ги овие прекрасни дизајнерски фустани со уште поубавата природа поставена до нив, стануваме свесни колку е голема убавината во модниот и природниот свет. Опкружени со неа, честопати не сме ни свесни за оваа убавина. Можеби славните дизајнери и брендови како Elie Saab, Alexander McQueen, Gucci, Giambattistа Valli и многу други, ги немаат видено точно овие природни убавини, но секако неисцрпната инспирација ја барале во извонредната природа која не престанува да не одушевува.
За оваа импресивна споредба на фустаните со природата, можеме да и се заблагодариме на руската уметница Liliy Hudyakov, која има навистина прецизно око да ги поврзува модните креации со чудата на природата, која не опкружува.Нејзината серија на фотографии Fashion&Nature“, почнала сосема случајно со една споредба, која подоцна се проширила на цела серија на фотографии од природата, која според нејзино мислење би можело да ги инспирира дизајнерите за нивните колкеции.
Ние се воодушевивме а веруваме и вие.

alexander-mcqueen-ss-2010 alexander-mcqueen-ss-2012 blumarine-ss-2015 delpozo-ss-2015 elie-saab-ss-2012 elie-saab-ss-2014 elie-saab-ss-2015 giambattista-valli-fw-2014-2015 jason-wu-ss-2013 marchesa-fw-2012-2013 stephane-rolland-ss-2012 the-blonds-fw-2012

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗарем љубовта е само обична болка?
Следна објаваСлаткото задоволство наречено “LADUREE” | Macarons
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ