Мон Сен Мишел (Le Mont Saint Michel) e oстров и општина која се наоѓa во Долна Нормандија, Франција. Сместен е на околу еден километар од северозападниот брег на Франција, на устието на реката Куеснон на Авранш. Островот е голем околу 100 хетари, а населението брои само 44 жители. Островот има стратешки утврдувања уште од античките времиња. Во 8-ми век станува седиште на познатиот манастир по кој го добил и своето име. Структурната композиција на градот е пример за феудално општество кое всушност и го изградило самиот град. На  врвот се Бог, Опатијата и манастирите. Под нив се наоѓаат големите сали, потоа се куќите и продавниците, а во најдолниот дел се наоѓаат куќите на рибарите и фармерите. Поради својата уникатна позиција тој е оддалечен само 600 метри од копното и тој е идеален за посета на многу бројни верници и туристи. Интересен е самиот факт за островот, тоа што тој е лесно одбранлив поради својата поставеност, а благодарение на плимата напаѓачите биле заробувани и се давеле во морето. Благодарение на малиот гарнизон кој многу успешно го одбранил островот од Англичаните во 1433 година.asdasda_3814

Придобивките од неговата одбрана не биле загубени ниту за времето на Луј XI, кој ја претворил планината во државен затвор. Мон Сен Мишел и неговиот залив се едно од најпрепознатливите обележја на Франција. Тој е дел од списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Повеќе од 3 милиони посетители се присутни секоја година на островот. Во 6-ти и 7-ми век, островот се користел како армориканска тврдина на Галско-Римската култура и моќ, се додека не бил ограбен од страна на Франките со што се ставило крај на оваа култура која постоела од заминувањето на Римјаните во 460 година. Мон Сен Мишел во минатото бил поврзан со копното преку насип т.е. патека која била покриена за време на плима, и се откривала во време на осека. Со текот на годините крајбрежните рамнини се полдеризирале за да се создадат пасишта, со што растојанието меѓу брегот и јужното крајбрежје на остовот се намалило. Реката Куеснон била канализирана, а со тоа ја намалила дисперзијата на проток на вода и потикнало запушување на заливот. Во 1879 насипот бил претворен во подигнат насип. На 16.06.2006 година францускиот премиер и регионалните власти го спроведуваат проектот (Project Mont Saint Michel), вреден  164.000.000 евра за да изгради хидраулична брана која ќе ги користи водите на реката Куеснон, а од плимата и осеката да се помогне во отсранување на акумулираната тиња, детонирана од големите плими и осеки. Завршувањето на овој проект е предвидено за оваа година. Многу интересни факти се поврзуваат за овој остров меѓу кои еден е во 2003 година беше инспирација за дизајнот на Минас Тирит во филмот  “Господарот на Прстените, враќање на кралот”, а во  2013 беше крајна точка на трката “Tuor de France”.

MSM 187-15 Dinan street a_day_at_mont_saint_michel_by_kakobrutus-d4ximgt104_110183688 8_Mont_St_Michelf429c0d7e0f93dfaed267fb9cfebf94f_large

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКражба – Питер Кери
Следна објаваНајдобрите парфеми за лето 2015
"Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!"! My main fields of interest are arts and culture, but I am easily adaptable to different types of topics. Intrinsic interest in these two fields, of which I have followed successive developments, and in their singular and profitable union: scientific abstraction and sensory rapture, ephemeral and predictive, the attribute of success and the spirit of ‘innovation. ---------------------------------------------------------------------------------- Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ