Аделина го помина целиот свој живот во брзање, без можност да љуби на начин на кој што таа сакаше.

001

„Кажете ми нешто што засекогаш ќе вреди и никогаш нема да исчезне.“ По чудесно останување 29 години веќе осум децении, Аделинa Боуман (Блејк Лајвли) живее самостојно, не дозволувајќи да се зближи со некој кој може да ја открие нејзината тајна. Но, на една средба со харизматичниот филантроп Елис Џонс (Мајкл Хјуисман) нејзината страст за животот и романса повторно се појавува. Кога еден викенд со неговите родители (Харисон Форд и Кети Бејкер) се појавува можност да се открие вистината, Аделина носи одлука што ќе го промени нејзиниот живот засекогаш.

002

Актерката Блејк Лајвли, која ја толкува Аделина, знаела дека наишла на воодушевувачка авантура и безвременска љубовна приказна кога го прочитала сценариото: „Не сакав да го испуштам од рака. Напишано е како прекрасен роман. Приказната е романтична, поетична, единствена. Оригинална приказна раскажана од женска перспектива. Толку многу поминала и длабоко проживеала за време на едно на најразноликите столетија во човековата историја. Знае што е љубов, загуба, болка и среќа.“

003

Продуцентите Том Розенберг и Гери Лучеси препознале потенцијал во сценариото. Розенберг изјавува: „Во ова сценарио ми се допадна баш сѐ. Вистинска љубов, каква не гледате често, со која вреди да остарете и поради која вредно е да умрете. Без тоа животот губи секаква смисла.“ Иако „Безвременската Аделина “ започнува со фантастични претпоставки, набрзо ќе постане јасно дека тоа е уметнички осврт на патувањето низ животот. Лучеси вели: „Тој припаѓа на категоријата магичен реализам.“

004

Родена пред почетокот на XX век, Аделина Боуман не сонувала дека ќе го види почетокот на XXI век, се додека наизглед еден магичен миг не ја спаси од смртта и ѝ подари вечна младост. Со 29 години, Аделина престанала да старее и започнала да живее живот кој никој досега не го искусил. Судбината ќе ја испрати на едно долго патување кое трае десетолетија.

005

Живеела и љубела за време на двете светски војни, лудите 60ти и за време на удобностите на денешницата. Внимателно ја криела својата тајна од сите, освен нејзината ќерка која секој ден стареела. Сите промени ги сфатила достоинствено, додека една поранешна врска не и застанала на патот на сегашната љубовна шанса и се заканила дека ќе ја открие нејзиното неверојатно минато.

006

Премиерното прикажување на „Безвременската Аделина“ пред македонската публика бешe на 23.04.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (27.04 – 02.05)
Следна објаваФото на денот | Магичната Кападокија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ