Прочитајте какви настани ве очекуваат претстојнава недела според ѕвездите.

naslovna

Овен

Ви започнува релаксиран период кога на работите ќе им приоѓате со леснотија и нема да дозволите да се нервирате за ситници. Период кога ќе се посветите на вашето тело и ќе започнете да водите поголема грижа за здравјето. Викендот ќе ви биде исполнет со возбудливи настани.

Бик

Многу работи се имаат променето во вашиот живот во последно време. Имате поголема моќ и мотивација да ги свртите работите во ваша корист. Партнерот станува сè позависен од вас, но тоа може да значи и дека ќе има поголеми барања. Добро би било да пробате нешто ново оваа недела.

Близнаци

Ви претстои многу динамична недела исполнета со дружења со пријателите и интересни настани. Силно сте мотивирани за нови, иновативни идеи кои ќе ве доведат до успех. Одличен период да се посветите на блиските пријатели, како и на партнерот. И покрај многуте дружења, најдете време да уживате сами во ваше друштво.

Рак

Овој период имате многу енергија и спремни сте за возбуда и експерименти. Одлично време да ги остварите вашите идеи на работното место, што понатаму ќе ви донесе и финансиски успех. Напуштете ги старите навики и начини на размислување и прифатете нови методи и нови гледишта на работите околу вас.

Лав

Оваа недела ви започнува со многу оптимизам и позитивна енергија за идните планови. Во изминатиов период сте ги прошириле хоризонтите, преку ментор, пријател од кој многу сте научиле или некое патување. Личната слобода ви е многу важна, па обидете се да не си го трошите времето на работи кои ви претставуваат товар.

Девица

Ви следува возбудлива недела, но и период кога сте малку повеќе нервозни од вообичаено. Точно знаете што сакате, а што не, и не дозволувајте некој друг да ви кажува како да ги остварувате целите. Искреноста и отвореноста ќе ви ги збогати врските со партнерот и со семејството.

Вага

Ви следи период полн со романтика и дружби со оние кои најмногу ви значат. Обично со партнерот делите исти ставови, но ви претстои напнатост и нервоза на љубовен план. На работното место работите се поволни. Можен е финансиски успех во скоро време.

Скорпија

На љубовен план, ви претстојат некои промени. Долго време сте биле сконцентрирани на работата, па сега имате можност да се посветите и на работи поврзани со партнерот. Ако сакате успех, прифатете го фактот дека не секогаш ќе го добивате она што го сакате од партнерот. Сепак, најважна е довербата.

Стрелец

На работното место ќе имате повеќе обврски, но тоа ќе ви одговара бидејќи овој период сакате да бидете активни во процесот на работење и донесување одлуки. Можни се некои недоразбирања со колегите. За викенд ви претстојат убави настани и радосни моменти со најблиските.

Јарец

Најинтересни настани оваа недела ви се случуваат дома и со партнерот. Ви претстои убав и романтичен период заедно со најблиските. Ослободете се од тоа секогаш да сте оној кој ги држи работите под контрола и дозволете си да се релаксирате и да уживате.

Водолија

Одлично време да научите нови работи, повеќе да се дружите или да отидете на некое кратко патување кое духовно ќе ве збогати. Во семејството обично се чувствувате сигурно и убаво, но некои ненадејни промени може да влијаат негативно на вас. Овој период е поволен за инвестирање пари во нешто.

Риби

Некој кој ви е многу близок ќе сака малку да се оттргне, што значи дека работите што сте ги правеле заедно, сега ќе ги правите сами. На работа, работењето на заеднички проекти со колегите ќе ви донесе успех и нови можности. Клучот за успех лежи во размислување надвор од рамката и експериментирање. Обидете се на работите да гледате поинаку отколку досега.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКои се учесниците на единаесеттото издание на "Модниот викенд Скопје"
Следна објаваФилм: И понатаму Алис
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ