Од оваа недела Општинска Установа за култура Дом на млади Штип создава пролетно темпо на работа, кое ќе изобилува со настани и активности.

Screenshot (3)

Од 16.03.2015 година до 26.03.2015 година, на фан станата и на групата на Дом на млади на Facebook е објавена анкета на која сите млади, интелектуалци и визионери се охрабрени да ги споделат своите идеи, при што очекуваме да имаме безброј интересни сугестии, од кои би биле со полни раце работа. Со овој пристап даваме исклучителна можност на младите да учествуваат во создавањето на заедничка програма, која ќе биде прифатлива и интересна за сите посетители на Дом на млади.

За да учестувате во анкетата кликнете тука.

11026023_725647914218045_6377847978249902457_n

Од 17.03.2015 година, и секој нареден вторник и четврток започнуваат Зумба забавите, на кои ќе имаме одлична забава, а во исто време и физичка активност. Зумба забавите се наменети за средношколци и студенти, кои имаат ниско ниво на физичка активност, меѓутоа, поканети се и сите кои сакаат да се забавуваат и да согоруваат калории, тоа да го прават секој вторник и четврток од 20:00-21:00 часот.

Фејсбук линк до настанот тука.

10348468_875341789175783_1214718241853350130_n

Освен тоа, во Четврток од 20:00 часот Драмско студио Гаврилов при Дом на млади, гостува во Дом на култура „Тошо Арсов“ во Виница, каде ќе ја одигра претставата „Лет од место“, по текстот „Лет во Место“ на Горан Стефановски, режирана од Симеон Гаврилов.

Фејсбук линк до настанот тука.

Седмицата завршува со чествување на празникот „40 маченици“, кој воедно е и повод за официјално отварање на реконструираниот објект на Дом на млади Штип. Отворањето започнува во 13:00 часот, а програмата на настанот во 13:30 часот. На настанот ќе настапат Културно уметнички друштва, Балетско студио, Етно состави, хорови и др., а во 17:00 часот ќе има поетско читање на Литературен клуб „Искра“, со литературните клубови од неколку градови во Македонија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд писмото на Црвенокосата
Следна објаваПролетни трендови на фризури
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ