Дали имате идеја како може да се направи комбинација од наградна игра и книги? За светот на библиофилите, оваа вест ќе биде прифатена со радо срце затоа што тие не се потпираат на тврдењето дека „никогаш доста од добри потпетици“, односно „никогаш доста од видео-игри“ – интересите, колку и да се разликуваат, сепак во поглед на понежниот и посилниот пол би се одлучиле за горенаведените искази. Библиофилите, не ги делиме по род: нив ги сместуваме во една група која се согласува дека книгите се најдобар подарок, најдобра посвета и најдобар пријател на светот. И од нив, никогаш доста. Особено, кога доаѓаат како награда!

Од Издавачки центар ТРИ на изненадувањата никогаш крај – во тек е Зимскиот фестивал на книгата со извонредни попусти и понуди, но покрај тоа, од ТРИ велат…

ГО БАРАМЕ НАЈЧИТАЧОТ!

Се’ што треба да направите е да споделите фотографии со Вашите книги од ТРИ и да влезете во игра за ваучер во вредност од 10.000 денари.

‪#‎ЧитамКнигиОдТРИ‬ e хаштагот на кој ги очекуваат фотографиите со Вашите купчиња книги од ТРИ.

.1.

Во конктест на тоа, ТРИ порачува: „од 24.01. до 31.01. фотографирај, споделувај и покажи дека ти си најчитачот на ТРИ! Победникот ќе го одредат бројот на книги и бројот на лајкови.
Подготвени?“

Останува да се приклучиме на #ЧитамКнигиОдТРИ… со најдобрата фотографија!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАстрологијата и шминката: Какви бои ви стојат?
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (26.01 – 31.01)
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ