Постои една стара легенда за тројца мажи. Сите тројца носеле две вреќи, една напред и една назад, но не го чувствувале товарот подеднакво. Останатите биле љубопитни што носеле тројцата мажи во вреќите.

Го прашале првиот човек: „Што имаш во вреќите?“

Тој им одговорил: “Сите мои успеси, сите добри дела на моите пријатели, сите радости на животот – ги носам во вреќата на грбот. Скриена од погледите на другите, покриена со лисја,таа  не ми пречи многу. Во вреќата напред ги носам сите лоши и грди работи кои ми се случиле. Така ни за миг не заборавам на нив.“

Овој човек често се застанувал, се концентрирал на лошите работи кои ги доживеал и напредувал малку и многу бавно.

Го прашале и вториот човек што има во вреќите што ги носи.

Тој одговорил: “Во вреќата напред ги носам моите добри дела. Често ги вадам и им ги покажувам на другите. Во вреќата на грбот се сместени моите грешки и слабости. Ги носам и нив каде и да одам, бидејќи и тие се мои и не можам да се ослободам од нив. Тие често ми натежнуваат и многу ме забавуваат.“

Третиот човек на истото прашање одговорил: “На вреќата што ја носам напред напишав „добри спомени“. Таа е полна со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри работи што ги направив во мојот живот, сите работи кои ме насмеале и сите работи кои ме тераат да одам напред. Работите во оваа вреќа не се тешки, лесни се за носење. На вреќата на грбот пишува „лоши спомени“. Таа вреќа е празна бидејќи и го отсеков дното. Сите лоши работи на кои наидувам низ мојот пат ги ставам во таа вреќа, но бидејќи вреќата е скината тие испаѓаат и остануваат некаде зад мене. Поради тоа јас немам оптоварување, немам ништо што ме забавува, одам напред носејќи ги само добрите спомени.“


Секој го живее својот живот соочувајќи се со добрите и лошите работи кои ни ги пружа животот. Но ние сме тие кои одлучуваме како ќе ги носиме нашите „две вреќи“. Размислете дали вреди да се задржувате на лошите работи кои не Ви дозволуваат да одите напред.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДецата може да бидат вистинска копија на родителите
Следна објаваШолја млеко
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ