Кањонот “Антилопа” е најпосетениот и најфотографираниот кањон во југозападна Америка. Лоциран е на земјиштето во Навахо, во близина на Пејџ, Аризона. Овој кањон е поделен на две одделни секции: Горен Антилопа Кањон или познат како Пукнатината и Долен Антилопа Кањон или Спиралниот кањон.

Жителите на Навахо, Грниот кањон уште го нарекуваат и Tsé bighánílíní, што значи “место каде водата тече низ карпите” а на Долниот кањон му имаат дадено име Hazdistazí, или “карпи со спирални лакови”.

Како е создаден овој кањон?

Овој кањон е формиран како последица од ерозијата на мекиот камен и карпи кои се наоѓаат во Навахо, првично заради поројните дождови и поплави кои се случуваат и секундарно како резултат на некои суб – воздушни промени. Дождовната вода, посебно во сезоната на монсунски дождови, се пробива во силни потоци низ кањонските пукнатини со огромна брзина, носејќи со себе песок и камења. Под огромен притисок водата ги разорува и реобликува кањонските ходници, такашто со тек на времето тие се толку многу еродирани и измазнети што делуваат како самите карпи да се стопени и растечени.

Ова чудо на природата е магнет за илјадници туристи, како и локација на која се снимаат рекламни и музички спотови, филмови и друго. Се смета дека ова е најфотогеничното место на светот каде фотографите доаѓаат во потрага по несекојдневни кадри и бои.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајзабавните ѕидни закачалки
Следна објаваВештица – Венко Андоновски
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР