Наместо со класична рекламна кампања, Tiffany & Co. одлучи оваа година да ги изненади сите свои купувачи со божиќни разгледници во духот на 50-тите години. Секоја разгледница претставува една божиќна приказна од богатата историја на компанијата, за која директорот на макетинг Richard Moore ќе каже: ,,Тогаш, како и сега, Tiffany & Co. беше најграндиозната градска продавница за накит, секогаш на модниот и дизајнерскиот врв. Го овековечивме стилот на ерата и ентузијазмот со симпатични илустрации на семејства и парови кои се веселат во снегот и празничниот гламур.” Користените бои најчесто ја одразуваат познатата тиркизна нијанса која е и заштитен знак на брендот, а со детали во веселата виолетова боја, како и темно сината која е употребена во ноќните сцени. Девојка која излегува од бутик со својата тиркизна кутија, млад пар на лизгање, романтични состаноци крај Емпаер стејт билдинг, снежни семејни сцени – сите се изработени во 3D формат, а го красат излогот на дизајнерската куќа на Петта авенија, за да го оживеат божиќниот дух, но истовремено и предложат идеален накит за сезоната на сите оние кои се неодлучни при купувањето подароци.

1

2

3

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајмагичните зимски дестинации
Следна објаваКраток поздрав од Европа
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ