Со совети од магичните огледала, кристалните топки и тарот- картите, Дизни состави интересен хороскоп за декември. Погледнете што ве очекува овој месец.

Овен

1Вашиот добропознат порив за успех нема да ви донесе многу среќа овој месец. Забавете го темпото и  погледнете околу себе. Празниците се време кога се помага на другиот, па затоа бидете отворени и љубезни.

Бик

2Полната месечина на 6ти декември ќе биде последна за оваа година. Затоа, искористете ги овие силни месечеви сили и ќе имате екстра-продуктивен ден. Завршете ги сите обврски што сте ги одолговлекувале, напишете по некоја честитка и купете подароци. Сега е времето да започнете со нешто што одамна сте планирале.

Близнаци

3Не губете време на седење. Излезете од комфорната зона и направете нешто сосема ново. Вашата љубопитност нека ве води во создавањето на вашиот нов, волшебен свет за празниците.

Рак

46ти декември ви е среќен ден, но внимавајте на 22ри. Многу сте зафатени, но обидете се да постигнете сè. Ако успеете да се фокусирате на вас, а не на мислењата на другите, нареднава година ќе ви тргне одлично.

Лав

5Овој месец, покажете кои сте и што сте кога ќе запознавате нови луѓе. Почнете разговор додека чекате ред за кафе. Никогаш не се знае на кого ќе налетате- нова љубов, нови пријатели, сè е можно!

Девица

6Како што ќе се насобираат обврските, немојте да се одделувате од другите. Прифатете помош и бидете горди на себе. Не си ги земајте работите присрце и слободно кажете ,не’ на она што не ви одговара.

Вага

7Држите рамнотежа како и обично, но овој месец малку повеќе од што треба. За да избегнете стрес, фокусирајте се само на она што е важно. Ако успеете, рамнотежата ќе почне сама да се мести.

Скорпија

8Овој месец конечно ќе ви се исплати трудот кој сте го вложувале цела година. Ако се најдете во некоја караница, бидете достоинствени и  бидете им благодарни на сите кои придонеле да стигнете онаму каде што сте. Така ќе бидете чекор поблиску до вашата главна цел.

Стрелец

9Стрелци, време е да се покажете! Овој месец сè се врти околу вас. И во приватниот, и во професионалниот живот ќе имате успех, а за време на празниците очекувајте вистински хаос. Ако сте толку прецизни со секојдневните задачи како што сте со лакот и стрелата, ништо нема да ви претставува проблем.

Јарец

10Драги Јарци, ќе имате одличен месец! И покрај тоа што некогаш работите знаат да излезат од контрола, останете разумни. Најдете време за семејството и пријателите и ќе видите дека вистинските богатства не сјаат секогаш.

Водолија

11Декември е вистинско време да ги прифатите сите ваши маани и чудни навики. Иако поради нив сте имале друштвени проблеми во минатото, овој месец ќе сретнете луѓе кои ќе ве прифатат онакви какви што сте.

Риби

12Овој период од годината е посебно стресен за чувствителните Риби. Сијалички, елки, новогодишни продавници со многу луѓе- сето тоа е премногу за вас. Но, штом почнете да паѓате со духот, само продолжете да пливате и да пливате и пак да пливате…

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФрагменти од приказните | Tomoko Takeda
Следна објаваУлична уметност од ѓубре
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ