Дури и ако не верувате во хороскоп, мора да признаете дека одредени астро- водичи знаат да погодат некои карактеристики на личноста. Овојпат, хороскопот ни открива кој каков пријател е. Стрелците и Лавовите се најверни, Водолиите даваат најдобар совет, а Рибите знаат да утешат на вистински начин.

Овен

Вие сте добар пријател, но и опасен противник. Очекувате верност и искреност во односите со другите. За возврат нудите голема љубов и поддршка.

Бик

Биковите се врзуваат цврсто за луѓето и прават сè за да го одржат пријателството. Трпеливи се и упорни и можат бесконечно да ве убедуваат во она што тие мислат и сакаат.

3

Близнаци

Секогаш очекуваат да им бидете благодарни за нивните убави зборови. Често мислат дека пријателите на прават доволно за нив. Имаат вечно млад дух и главни се на сите забави.

Рак

Вие сте супер другари, но гледајте да не очекувате премногу од пријателствата. Секогаш сте спремни да дадете, но длабоко се разочарувате ако другите не знаат тоа да го ценат. Сепак, и тогаш останувате верен пријател и продолжувате да правите и повеќе отколку што треба.

Лав

Како пријател вредите злато. Никогаш не оставате некого на цедило. Имате топло и искрено срце, а вашата романтична страна доаѓа до израз во пријателските односи.

1

Девица

Девицата е хуман знак којшто се карактеризира со услужливост и грижа за другите. Вие сте стабилни и верни пријатели и секогаш давате добар совет.

Вага

Вие сте воспитани и културни. Сакате да им помагате на пријателите преку давање совети, но тешко ви оди кога треба некого да утешите. Тоа не значи дека сте ладни, туку едноставно не сакате да се мешате во туѓите врски.

Скорпија

Вие сте добри пријатели, но умеете да бидете таинствени и лицемерни. Пребирливи сте кога станува збор за пријателство, но еднаш кога ќе се спријателите, останувате лојални и добро чувате тајни.

2

Стрелец

Вие сте личности кои сакаат да помагаат и имате големо срце за да им простите на оние кои ви згрешиле. И кога некој пријател ќе ве издаде, немате лоши чувства кон него. Секогаш давате добри практични совети.

Јарец

Градите долги и стабилни пријателства. И покрај тоа што често немате такт и манири, никогаш нема да напуштите некој во неволја.

4

Водолија

Водолиите се подобри советници отколку пријатели. Проблемите ги согледуваат објективно и не ги вклучуваат емоциите во сето тоа. Луѓето сакаат да ги имаат покрај себе и со задоволство ги слушаат нивните совети.

Риби

Рибите се добри пријатели, полни со хуманост и разбирање. Имаат добра интуиција и секогаш се спремни да утешат некого. Склони се кон идеализирање на личноста. Нивната вродена дипломатија и пријатен карактер секогаш спасува непријатни ситуации во друштво.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖителите на Париз | Gail Albert Halaban
Следна објаваСтан од 40 m² – Машка и женска верзија
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ