Манчестер или “Дождливиот град” се наоѓа во северо – западниот дел на Англија и брои околу половина милион жители. Овој шармантен, англиски град долго време низ историјата бил дел од Ланкшир и броел многу малку граѓани. Подоцна, во 19 век започнува непланирана урбанизација, како последица на индустриската револиција во која  Манчестер станува прв индустријализиран град во светот (од овој период потекнува симболот на градот – Манчестерската работлива пчела). Благодарение на текстилното производство кое го преплавува градот, во 1894 година, неопходно станува да се изгради и пристаниште на познатиот Manchester Ship Canal.

Денес градот е дел од богатството на UNESCO и е познат по својата култура, музичка сцена, научни и иженерски достигнувања, медиумските линкови и спортски настани. Во оваа метропола се наоѓа еден од најголемите англиски универзитети, а градот исто така може да се пофали и со тоа дека е една од најголемите урбани економии во земјата.

Харизмата на градот му ја дава и специфичната архитектура. Овде ќе најдете спој од старите Викторијански градби, кои се традиционални за Англија, па се до ултра – модерни висококатници.

Овој град е посебно привлечен за фановите на англиската, фудбалска Премиер лига во која секоја година силите си ги одмеруваат двата најлути ривали од овој град – тимот на Manchester United и Manchester City.

Според некои истражувања, градот најмногу привлекува интелигентни и кретаивни луѓе како свои посетители. Не ретко ќе слушнете дека го нарекуваат и англискиот Сан Франциско, бидејќи е сличен по многу нешта. Се разбира она што му недостига на Манчестер во однос на Сан Франциско е сонце, но затоа пак може да се пофали со фактите дека токму тука научниците го поделиле првиот атом и дека овде е направен првиот компјутер во светот. Понатаму, светската музичка група “Oазис” е токму од овој град, а овде се одржува и еден од најголемите геј – фестивали во Европа, Mardi Gras Festival.

Манчестер е трет град по популарност кај туристите кои ја посетуваат Англија, веднаш по Лондон и Лестер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Замрзнати меури
Следна објаваМинијатурна нееднаквост | Christopher Boffoli
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР