Ако се бара нешто добро, модерно, полно со дух, нешто кое заедно го сплотува светот користејќи ги максимално различностите, тогаш тоа нешто може да се пронајде само во Њујорк!

Тврдењата дека телевизијата ќе го претвори светот во едно глобално село се покажаа лажни. Надежите дека интернетот ќе го направи тоа започнаа постепено да се реализираат. Но, доколку неколку талентирани улични музичари се поврзат бежично со еден диригент, започнува вистинската магија.

Chris Shimojima режисираше видео (кое можете да го погледнете погоре), каде се осмисли една кратка, но генијална композиција изведена од неколку музичари во Њујорк, чие секојдневие минува во подземните железнички станици. Ljova беше задолжен како диригент кој ја вршеше својата работа пред неколку отворени лап-топи во Central Park.

Композицијата со име „Signal Strength“ е направена од самиот Ljova.

Одличен пример за микс на технологијата со музиката.

003

001

002

004

005

006

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАвангардно затворање на 10-от Моден викенд Скопје
Следна објаваНајинтересните кровови во светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР