Писателите ги отвораат нашите срца и умови и ни’ даваат мапи за да се откриеме самите…

.1.

Како одговор на прашањето „што прават книгите за човековата душа?“, култниот веб-магазин Brainy Quote дава одговор дека тоа е практично немерливо, неискажливо и невозможно да се дефинира; но, тоа не ги спречи големите и мали умови да продолжат да творат, да читаат и да раскажуваат. Во прилог, следуваат 4 психолошки перспективи во поглед како книгите не’ наградуваат во текот на животот, ставени во рамка од страна на Alain de Botton, големиот филозоф и писател; кој е истовремено креатор на бројни интелигентни водичи за модерното живеење опфаќајќи се’ – од уметноста да се биде сам, па се’ до психологијата за здрав разум и зачувување на животната средина. Вредноста на книгите, имено е преку проширување на личниот круг на емпатија, проверка и облагодарување на внатрешниот мир, како и утврдување на против-отров за парализирачкиот страв од неуспех.

1. Литературата Ви заштедува време
Иако на прв поглед изгледа дека само Ви го губи времето – литературата всушност, е апсолутен чувар на Вашето време, затоа што Ви дава пристап до широк спектар на емоции и настани за кои ќе Ви требаат години и децении за да се обидете да ги доживеете директно. Литературата е најдобар симулатор на реалноста, таа е машина која Ве поставува во бескраен број на ситуации за кои најверојатно никогаш не би добиле шанса да ги посведочите.

2. Ве прави пофини личности
Литературата ја врши основната магија на она очигледното, од некој друг аспект – таа овозможува да ги разгледате последиците од сопствените постапки и постапките на другите, на начин кој предходно не би размислиле; така што ни прикажува примееи на љубезност, дарежливост и разбирање. Таа е длабоко спротиставена на системот на доминантни вредности; односно, литературата не ги вреднува парите и моќта, туку идеите и чувствата чие длабоко значење опстојува во комерцијализираниот и циничен свет.

3. Таа е лек за осаменоста
Припадниците на овој свет се почудни од што самите би сакале да си признаат: често не знаат да го искажат она што се случува во нивните умови, па за сметка на тоа, во литературата пронаоѓаат опис на она што навистина се. Во најдобрите книги, чувствуваме дека еден писател не познава подобро од што се познаваме самите, со зборови кои ја опишуваат кревката, чудна и специјална поставеност на искуствата и умот…

4. Литературата Ве подготвува за неуспех
Секој во својот живот, во извесен миг од истиот се соочува со најголемиот од сите стравови – стравот од неуспех. Секој ден, медиумите и секојдневието ни пружаат неуспешни приказни, така што и книгите, драмите и песните се за луѓе кои доживеале неуспешно искуство; но, за истото не им се суди еднодимензионално како во медиумите или приватниот живот. Литературата го заслужува угледот од една причина, врз сите други причини, затоа што таа е алатка која ни помага во животот да се соочиме со поголема мудрост, добрина и разум.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (13.10 – 18.10)
Следна објаваСовршен почеток на денот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР