Одморите се во тек, па зошто да не споделиме неколку корисни совети во врска со пакувањето, најчестите проблеми и слично? Ова се 7-те наши совети кои се надеваме дека ќе Ви го олеснат патувањето. ;)

1. Инстант звучници

Звучниците за мобилните се мали и ефтини, но сепак не се практични за патувања. Замислете да носите во својот ранец дополнителни кабли, кои треба да ги спакувате внимателно за да не се превиткуваат многу, да не излезат жиците… Овој проблем има едноставно решение, малечка шоља која можете да ја позајмите од местото каде престојувате. Само ставете го мобилниот во шољата, слушајте музика и танцувајте каде и да посакате. ;)

2

2. Вежба пред лет.

Долгите летови, промената на воздушниот притисок резултираат со проблеми во стапалата. Еден ден само пред лет, истрчајте некој круг околу Вашата населба и направите по некој склек. Во авионот исто така прошетајте се во ходниците.

3

3. Користете ја околината мудро.

На пример, во повеќето авиони на задниот дел од седиштето пред Вас има малечка закачалка. Совршена за палто, или шал.

4

4. Паметно пакување.

Спакувајте ги валканите обувки во капа за туширање. Без дополнителни кеси во куферот. ;)

5

5. Шал за секоја пригода.

Без разлика на сезоната, добар шал секогаш ќе Ви се најде. Во случај да не сте од оние кои обожаваат да ги носат своите перници и ќебиња за по пат, со шалот можете да се покриете ако ви е ладно, или да го превиткате како удобна перница. ;)

6

6. Олеснителни трикови за дамите.

На патувањата од кратки релации совршено би се нашле пакувањата на леќи, во кои можете да ја ставите шминката.

8

7. Екстра кеш.

Сите сме параноици кога станува збор за пари. На патување секогаш се зема малку повеќе отколку што е навистина потребно, за секој случај. Можете да ги скриете во потрошено лабело.

9

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAdidas Mi ZX Flux | омилената фотографија на вашите патики
Следна објаваАна Каренина – хероината на Толстој
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ