Тим од шпански дизајнерски студија проектираше интерактивна автобуска станица во мало гратче во сојузната држава Балтимор, во САД. Се состои од три посебни структури во облик на букви кои заедно го даваат зборот “bus”. Висината на секоја буква е нешто повеќе од 4 метри, а изградена е од челична рамка исполнета со дрвени панели на кои може да се седи, да се оставаат торби, а децата можат дури и да се качуваат по нив и да си играат додека чекаат автобус. На овој начин, една секојдневна и здодевна работа станува многу поинтересна, а може на некој и  да му го разубави денот. Единствен проблем ќе биде метежот од луѓе на станицата, бидејќи отсега сите ќе сакаат да чекаат таму. :)

2

1

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБиблио-патопис | Seth Armstrong и Johnny Davis
Следна објаваФото – приказна | Заедно во добро и зло
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ