The Voca People, како најочекуваните оваа година на „Охридско лето“, настапуваат вечерва (01.08.) на Античкиот театар.

2

Познатиот израелски ансамбл и вечерва ќе направи комбинација на а-капела пеењето со модерниот битбокс. „Д Вока пипл“ познати се по имитирањето звуци на целиот оркестар, како гитари, тапани, труби и други инструменти и сето тоа изведено единствено со нивните вокали, притоа со својот хумор забавувајќи ја публиката. 

Членовите на ансамблот за себе велат дека се вонземјани од планетата „Вока“ каде единствено се комуницира со пеење, звуци и вокална експресија, додека нивното мото е: „Животот е музика и музиката е живот“.

Можете да ги погледнете вечерва, во 21 часот. Цена на билет 600/800/1000 денари.

Divianarts.com е член на медумските партнери на Охридско Лето 2014

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLady Gaga во џез издание
Следна објаваХеркул | Акција на летото
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ