Младите денес. Премногу брзање, премногу брканица. Од крајност до крајност – или премногу обврски или претерано безделничење, без да се заборави на се’ помасовната употреба на социјалните мрежи. Трендот наречен Selfie е веќе прифатен, а до некоја мера и надминат; додека неговите варијации почнаа да се шират и споделуваат во секаква форма. Таков пример е и прашањето на Huffington Post, каде што ги прашува читателите ширум светот како тип на Shelfie можат да споделат со јавноста?

Shelfie всушност, претставува фотографија на Вашата полица со книги (на која често се наоѓа и сопственикот на истата) која покажува каков тип на полица имате, за да дознаете каков тип на читател сте. Ако веднаш се исплашивте поради Вашата неорганизираност, тогаш дозволете ни да Ви пренесеме дека оваа инцијатива е пречекана со обете раце од многу припадници на книжевните кругови така што благодарение на овој тренд – многу полици биле средени и многу организациски вештини биле унапредени. Во прилог, следуваат 6 основни начини на организирање на Вашата полица со книги. Очекуваме да споделите и Вие дел од Вашето Shelfie!

1

2

3

4

5

6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Чоколадно фонду со ликер од цреши
Следна објаваВие не сте модна илустрација!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ