1

Доколку сте вљубеници во естетиката на Берлин и добро средените ентериери по машка мера, тогаш овој стан ќе ве освои на прв поглед. Eклектичниот дизајн го исползува најдоброто од двата света, задоволувајќи ги во станбениот простор сите желби на еден модерен маж со добар вкус. Спортот и музиката се двете основни теми кои доминираат во неговото уредување, спакувани во современо, елегантно, драматично, но и моќно стилско издание. Преовладуваат темните бои, кои во комбинација со дрвените подови изгледаат совршено. Дрвото како материјал е застапено во различни форми, почнувајќи од сировото дрво кое служи за огрев, па се’ до мебелот, полиците, сандуците за складирање на облеката и подлогите за сликите на ѕидот. Се наоѓа во срцето на Берлин, а се вбројува во станбената понуда на платформата Suite.030. Станот располага со 150 метри квадратни, во кои удобно се сместени пространа дневна соба, три спални соби, две бањи со када и туш кабина, како и балкон со поглед на германската метропола. Просториите се отворени и комфорни, опремени со маркантни парчиња мебел и низа решенија во ентериерот со дизајнерски потпис. Со својот луксузен и отмен амбиент, може да биде инспирација за сите современи мажи кои трагаат по стилски идеи за просторно уредување и на нивниот дом.

2

5

4

3

6

7

9

8

10

11

12

13

17

14 (2)

15 (2)

16

18

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетен хит | Харем панталони
Следна објаваДрвја кои не се потчинуваат на цивилизацијата
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ