01

Плод на соработката помеѓу Altea Hills Estate, архитектонските студија Carlos Gilardi и Pepe Cabrera, како и дизајнерот на ентериер Eric Kuster е ,,Blueport Altea” – најлуксузниот комплекс од вили на брегот Коста Бланка. А на стрмните падини на Алтеа, гратчето во шпанската провинција Аликанте, грациозно се извишува спектакуларната ,,Куќа на гребенот’’, како најубавото нешто што може да се искуси во раскошниот комплекс. Светлината и погледот од 180 степени на морето ја издвојуваат од останатите, додека дизајнот на внатрешноста максимално ја исползува позицијата и опкружувањето, внесувајќи ја комплетно медитеранската атмосфера и шпанската енергија во амбиентот. Сместена е на приватна парцела од околу 1000 метри квадратни, со близу 500 метри квадратни животен простор, вклучувајќи 5 спални соби, грандиозна дневна соба со отворена кујна, трпезарија, големи бањи, фитнес центар и засебна кино-соба. Главната спална соба е интимна, а нуди богатство од задоволства, комфор и релаксација, во пакет со засебна бања и гардеробер, џакузи, приватна градина и големи прозорци со воодушевувачки глетки. Овозможуваат бескрајно уживање во пејзажите надвор, гарантирајќи дека каде и да се наоѓате во куќата, убавината на небото и заливот секогаш ќе ве придружуваат. Синилото на Средоземното море, пак, обезбедува чувство на мир, спокој и лезет, кој е тешко, ако не и невозможно да се открие во другите делови на Европа. Со прекрасната локација, пространите ентериери и фините детали, оваа инспиративна вила ги нуди сите удобности кои може да се сретнат во хотел – но и индивидуалност која само домот може да ја нахрани. Уживајте!

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШекспир во „10 работи што ги мразам кај тебе“
Следна објаваТипографски мебел | Claudio Scotto
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ