35

Топлите денови Ви овозможуваат да уживате на отворено – наместо затворени во 4 ѕида уживајте во Вашата градина или тераса. Со денешниот Направи сам проект Ви предлагаме да ја разубавите токму Вашата градина или тераса. Изненадете ги членовите на Вашето семејство и на едноставен начин направете висечки саксии.

34

Потребно ви е:

  • пластични шишиња;
  • скалпел;
  • ножици;
  • лепак (пиштол за лепак);
  • малку ткаенина;
  • јаже или врвки.

32

Процесот на изработка е едноставен. Со скалпелот правите дупка на пластичното шише, а со ножиците целосно го сечете. Потоа ја лепите ткаенината врз шишето. Правите дупчиња од страните, ги ставате врвките и по желба ставате декоративна лента на врвот. За крај, потребно е да го засадите цвеќето и да ги сместите на соодветното место.

35

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Петок навечер
Следна објаваGiorgio Armani: Машка колекција ’15
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ