1

Кутивче за колачиња е многу креативна и оригинална идеја за подарок или за мало изненадување за најблиските. Собира едно големо или две малечки колачиња. Следете ги инструкциите и обидете се да го направите и со љубов да изненадите некого.

Потребно е:

– картонче или подебела хартија во боја и дезен по избор

– готов модел за цртежот на картонот (можете да симнете од интернет или да нацртате сами според сликата)

– ножици

– украсна лента

2

1. Испечатете го цртежот на картончето или нацртајте го сами и исечете по линиите.

4

2. Со врвот на ножиците внимателно поминете по линиите каде што кутијата треба да се свитка за да ја добие потребната форма на коцка.

3. Превиткајте ги тие делови.

5

4. Откако ја добивте тридимензионалната форма, ставете ги колачињата внатре и внимателно затворете ја кутијата. Прицврстете со лентата-  почнете од долу, па продолжете нагоре накај средината (како да завиткувате подарок). На крај врзете машничка.

3

Освен за подарок, ако направите повеќе вакви кутивчиња можете да ги наредите на чинија за колачи или торта и така да ги послужите гостите на забави, родендени, свадби и сл. Слатко и уникатно ;)

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижевни тетоважи | The fault in our stars
Следна објаваУрбани велосипедисти во Њујорк
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ